НАЈУБАВАТА ПРИКАЗНА: Штркот кој секоја година на ист датум се враќа кај својата сакана (ВИДЕО)

strk600x400

Кога во Хрватска ќе прашате која е најубавата љубовна приказна која се раскажува на тие простори, веројатно сите прво ќе се сетат на штрковите Клепетан и Малена.

Пред 24 години во источна Хрватска, тогашниот домар на основно училиште Стјепан, ја нашол Малена повредена покрај автопат.

Малена заради повредата на крилјата веќе 24 години не може да оди со својот вид во Јужна Африка, па наместо тоа останува во Хрватска и чека да дојде пролетта.

Но, со пролетта, доаѓа и нејзината љубов Клепетан. Со него е веќе 14 години.

Иако кон крајот на летото Клепетан тргнува на далечен пат кон Африка, секоја пролет и се враќа на Малена. Во тие 14 години еднаш подранил една недела и еднаш задоцнил 2 дена. Сите останати години доаѓа точно на 24-ти март.

Малена секако го чека во гнездото, затоа што е познато дека штрковите се животни кои живеат со еден партнер до крајот на животот.

Оваа година имаше лажна тревога, кога Малена беше забележана во друштво на друг мажјак кој после неколку часа го одбила од нејзиното гнездо.

Клепетан веќе доцни 5 дена, но исчекувањето продолжува…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.