Најтврдоглавиот фудбалер единствено ја слуша само сопругата, а таа е постара од него цели 11 години (ФОТО)

Можеби мислевте дека не постои некој кој ќе може да го скроти Златан Ибрахимовиќ, но се чини дека овој фудбалер има слаба точка, а тоа е неговата сопруга.

И додека два италијански гиганти се борат за него – Болоња и Милан, извори од тамошните медиуми тврдат дека главниот збор го има неговата сопруга која му суфлира да се врати во Милан, чиј дрес веќе го носеше и тоа во периодот од 2010 до 2012 година.

Каде на крајот ќе заврши ќе видиме во декември кога ќе му истече договорот со американскиот Лос Анџелес Галакси, но едно е сигурно – госпоѓа Ибрахимовиќ секогаш имала влијание врз него.

Нивниот брак инаку важи за еден од најстабилните во светот на спортот и естрадата, а 1љубовната приказна на овој пар започнала необично и интересно, но се претворила во сигурна врска.

49-годишната Хелен Сегер и 38-годишниот Златан се запознале во 2002 година во Малме и тоа сосема случајно на еден паркинг.

„Кога го запознав Златан, имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме храни. Бев самостојна, а тој дури не беше ниту мој ип на маж. Првпат кога го видов, со своето Ферари го загради мојот Мерцедес, го видов неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Бев лошо расположена и почнав да викам на него. Мислам дека тоа му се допадна“, рекла Хелен.

Оваа средба ги променила нивните животи засекогаш.

После четири години врска на свет дошол нивниот прв син Максимилијан, а две години подоцна добиле уште еден син – Винсент.

Хелен инаку важи за „кралица жена на фудбалерите во Шведска“, а во својата родна земја има статус како Бијонсе во Америка. Тешко е да се прочитаат лоши зборови за оваа дама. Ден денес таа работи во полна пареа. Интересно е тоа што парот е нераздвоен цели 16 години и нема ни шпекулации за тоа.

Една од легендарните негови изјави за медиумите е одговорт на прашањето што и’ купил за роденден, а тој рекол: „Ништо, таа веќе го има Златан“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.