Тешко болното 4-годишно девојче, Езма Кејтли, на која луѓе од целиот свет ѝ праќале божиќни честитки и желби за оздравување, за што пишувале светските медиуми, за жал, починало.
Таа имала низа сложени здравствени проблеми, вклучувајќи и оштетување на мозокот, дистонија, церебрална парализа и недефинирано генетско пореметување. На крајот од својот краток живот била под интензивна нега, пиела по 50-тина лекови дневно, не можела да комуницира, била приклучена на кислород, а ја хранеле со цевчиња.
Приказната за Езма се појавила во медиумите за време на Божиќ, кога нејзините родители, Клер Мориш и Дејвид Кејтли, ги замолиле луѓето да ѝ пратат што е можно повеќе божиќни честитки. Поштенското сандаче било преплавено од илјадници честитки и разгледници од целиот свет. Примила бројни честитки од повеќе од 2.700 луѓе од целиот свет.
Езма во новогодишната ноќ била итно префрлена во болница каде минала четири дена, пишува Daily Mail. 36-годишната Клер од Минстер во Кент на својата Фејсбук страна на дневна база ги известувала пријателите за развојот на ситуацијата. Во 16 часот Клер објавила: Во 10.04 наутро нашето најмило девојче доби ангелски крилја…