Најстрого чуваната тајна на државната безбедност: Слободан Милошевиќ имал афера со позната глумица

Слободан Милошевиќ бил смртно заљубен во една популарна глумица, со која поминал викенд во вилата кај Смедерево.

Благодарение на неа тој дознал за пеколна завера која требало да доведе во негово рушење, а за таа операција подготвени биле 2 милиони германски марки, открива службена белешка на тајните служби, а пренесуваат српските медиуми.

Според извештајот, Милошевиќ буквално изгубил глава за глумицата С.С. (глумела во неколку популарни филмови, како и повеќе серии), пишуват медиумите.

Според пишувањата во белешките на тајните служби, глумицата го потсетувала на неговата сопруга Мирјана Марковиќ во младите години.

За средбата во Смедерево знаеле само еден до двајца луѓе од опкружувањето на Милошевиќ.

Нешто подоцна на службите им било наредено да следат одредена група на луѓе чиј организатор бил тогашниот секретар за одбрана, адмиралот Бранко Мамула, како и неговиот шеф на кабинет, потполковник М.Д.

Глумицата на Милошевиќ му кажала буквално се за планот против него, а намерите и биле познати поради тоа што била во врска со шефот на кабинет на Мамула.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.