Основното училиште “Климент Охридски” од Прилеп е вистински пример за тоа дека кога се има добар менаџерски тим, а зад вас стои и голема поддршка од локалната власт, се создава воспитно-образовна институција за почит.
Во изминатите 12 години во училиштето вложени се огромни средства, а промените се воочливи насекаде, како во централната училишна зграда, така и во подрачните училишта и училишната зграда за деца со посебни потреби.
Училиштето особено заблеска со доаѓањето на директорот Ахил Јаков. Наставниците, родителите и учениците, секојдневно ги очекуваат нови изненадувања, а секоја промена е со цел подобрување на наставно-образовниот процес и пријатен престој за работа и учење.
За реализираните проекти во периодот од 2005 до 2017 година, денеска пресконференција одржа директорот на ООУ “Климент Охридски” кој ги наброи сите инвестиции и реализирани проекти во училиштето.
“Инвестициите во ООУ “Kлимент Охридски” – Прилеп сериозно почнуваат да се имплементираат од 2005 година, па се до денес. Jас ќе ги набројам сите капитални инвестицци кој се реализирани до денес.
2007 година
1.Поставување на парно греење во старата училишна зграда за децета со посебни потреби-инвестиција вредна 460 000 ден. (донација од родители и приватни институции);
2.Набавени се аудио визуелни средства во вредност од 300.000 ден. (инвестиција на МОН и холандска амбасада);
3.Извршена е замена на старата со нова ПВЦ дограма во 3 училници, инвестиција вредна 320.000 ден. (инвестиција од МОН и холандска амбасада);
4.Обуки за наставниците, Англиски јазик, основен и напреден степен, Менаџмент во училницата и потребни вештини на наставникот, средства во вредност 280.000 ден. (инвестиција обезбедена од УСАИД)
2008 година
1.Нов под, нова дограма, кнауф, малтарија на фасада во подрачното училиште во с.Мажучиште, во вредност од 300.000 ден. (обезбедени од Локалната самоуправа);
2.Изградени се нови санитарни јазли во подрачното училиште на с.Мажучиште во вредност од 300.000 ден. (обезбедени од Локалната самоуправа);
3.Замена на старата дрвена, надворешна дограма со нова во новата училишна зграда инвестиција вредна 3.800 000 ден. (обезбедена од Министерството за образование и наука);
4.Извршена е санација на санитарните јазли во новата училишна зграда, инвестиција вредна 3.600.000 ден. (обезбедена од приватни донации, фабрика Васидора Прилеп);
5.Преградени се две училници и спуштање на таваните со кнауф во старата зграда, инвестиција вредна 135.000 ден. (обезбедени средстава од клуб “Лајонс” Прилеп);
2009 година
1.Замена на стариот кров во старата зграда со поцинкован лим и нова пвц дограма, инвестиција вредна 1.280.000 ден. (средства обезбедени од МОН);
2.Нова фасада во старата зграда, инвестиција вредна 800.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа Прилеп);
3.Реновирање на училници нова малтарија, спуштен таван, нови врати, во старата зграда – инвестиција вредна 120.000 ден. (обезбедени средства донација од фабриката Комфи Ангел од Прилеп);
4.179 лап-топ компјутери за учениците од одделенска настава, инвестиција вредна 5.000.000 ден. (обезбедени средства од МОН);
5.Набавени 32 компјутери за новата училишна зграда, инвестиција вредна 900.000 ден. (обезбедени од МОН);
6.Набавени лап-топ компјутери за наставничкиот кадар, инвестиција вредна 1.250.000 ден. ( обезбедени средства од МОН);
7.Поставен под од ламинат во 2 училници во старата училишна зграда, инвестиција вредна 72.000 ден. (обезбедени средства од УСАИД);
8.Набавени се нови столчиња и клупи за проектот “Компјутер за секое дете”, инвестиција вредна 200.000 ден. (обезбедени средства од УСАИД).
2010 година
1.Поставено е надворешно осветлување, видео надзор и аларм, инвестиција вредна 110.000 ден.(обезбедени средства од Локалната самоуправа);
2.Унапредување на наставата во одделенска и предметна настава со обуки за “Едубунту” во наставата, инвестиција вредна 60.000 ден. (обезбедени средства од УСАИД);
2011 година
1.Поставаена е бетонска плоча помеѓу катовите, нова малтарија на ѕидовите, поставување на нови тавани со кнауф, реконструкција на вратите, поставување на нов под од линолеум, инвестиција вредна 1.866.000 ден. (обезбедени од Локалната самоуправа);
2.Поставена е целосно нова електрична инсталација во старата училишна зграда, инвестиција вредна 760.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа);
3.Поставена е громобранска заштита на двете училишни згради, инвестиција вредна 350.000 ден. (обезбедени од Локалната самоуправа);
4.Изградена е пешачка патека во училишниот двор од новата училишна зграда, инвестиција вредна 175.000 ден. (обезбедена од Локалната самоуправа);
2009/12 година
1.Добиени се комплет бесплатни учебници за секој ученик, инвестиција вредна 4.500.000 ден. (обезбедени средства од МОН);
2.Замена и поставување на под од ламинат на простории во училиштето, инвестиција вредна 50.000 ден. (обезбедени од Локалната самоуправа);
2013 година
1.Поставени се подови од висококвалитетен линолеум со еколошки својства и заменети се постоечките врати со нови пвц врати во 14 училници, инвестиција вредна 2.000.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа).
2014 година
1.Поставување на нов под со спортски карактеристики и промена на врати во училишната сала, инвестиција вредна 400.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа);
2.Поставени се нови подови во две училници и нов инвентар (клупи и столови) соодветни за ученици од првиот училишен период за една училница, инвестиција вредна 50.000 ден. обезбедени средства од донатор родител, со потекло од Шкотска);
3.Уреден е дворот и во предниот и во задниот дел со поставување на бекатон плочки, и е направена комплетна промена на атмосферска, фекална и водоводна мрежа, инвестиција вредна 1.200 .000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа);
4.Извршено е реновирање на санитарните јазли за подобрување на хигиенските услови, со замена на водоводни цевки и старите цевки од гус, како и обнова на плочки во секој санитарен јазол, инвестиција вредна 350.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа).
2015 година
1.Поставени се подови од високо квалитетен линолеум со еколошки својства и заменети се постоечките врати со нови пвц врати во 20 училници, инвестиција вредна 1.550.000 ден;
2.Комплетно е реновиран и уреден продолжениот престој на учениците во училницата,и трпезаријата како и занималната, инвестиција вредна 400.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа).
[Best_Wordpress_Gallery id=”479″ gal_title=”KlimentPredPotoa”]
Промените се повеќе од очигледни
2016 година
1.Поставени се огради околу целото училиште, инвестиција вредна од 300.000 ден.(обезбедени средства од Локалната самоуправа);
2.Комплетно уредување на 2- та паркови во училиштето со зеленило и дрва, инвестиција вредна 100.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа);
3.Комплетно е заменето целото осветлување во ходниците на двете училишта, инвестиција вредна 120.000 ден. (обезбедени средства од фабриката “Комфи Ангел”);
4.Комплетно е средена ѕидната површина во посебните паралелки, инвестиција вредна 60.000 ден. (обезбедени средства од приватен донатор и наставник во училиштето);
5.Комплетно е средена ѕидната површина во предниот двор во училиштето, инвестиција вредна 100.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа);
6.Комплетно средување на двата спрата на училиштето со високо квалитетни тапети, инвестиција вредна 60.000 ден. (обезбедени средства од приватен донатор);
7.Направена е заштитна ограда со спортски карактер во училишниот двор, инвестиција вредна 100.000 ден. (обезбедени средства од приватен донатор);
8.Комплетно среден влезот во посебните паралелки, за децата со посебни потреби, инвестиција вредна 50.000 ден. (обезбедени средства од приватен бизнисмен по потекло од Швајцарија);
9.Комплетно осветлување на надворешниот дел на училиштето со високо квалитетни штедливи рефлектори, инвестиција вредна 40.000 ден. (обезбедени средства од приватен донатор);
10.Комплетно средено е фоајето на училиштето со високо квалитетни церади, инвестиција вредна 60.000 ден. (обезбедени средства од приватен донатор);
11.Комплетно реновирање на спортската сала со модерен изглед, инвестиција вредна 250.000 ден. (обезбедени средства од приватни донатори и Локалната самоуправа).
[Best_Wordpress_Gallery id=”480″ gal_title=”KlimentNovo”]
Свежина и новина насекаде
Наредни капитални инвестиции кој се планирани да се реализираат до 2018 година
1.Сензорната соба (за децата со аутизам) инвестиција вредна 300.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа);
2.Комплетно уредување на предниот училишен двор со спортски карактер, инвестиција вредна 5.000.000 ден. (обезбедени се средства од Локалната самоуправа);
3.Комплетно уредување на дворот на подрачното училиште во с.Мажучиште, инвестиција вредна 600.000 ден. (обезбедени средства од Локалната самоуправа);
4.Комплетно уредување на внатрешните скали во училиштето, инвестиција вредна преку 5.000.000 ден.
(обезбедени средства од Локалната самоуправа).
Ова беа инвестициите вложени во период 2005-2017 година.
Знаете дека во ова училиште не беше многу вложувано, но со помош на Локалната самоуправа училиштето доби модерен и урбан сјај кој го прави да биде едно од најубавите училишта во градот, а бидеќи е најстаро училиште во градот мислам дека и го заслужува тоа”, истакна директорот на ООУ “Климент Охридски” Ахил Јаков.