Шигеми Хирата, 96-годишен маж од западна Јапонија, влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најстар дипломец во светот. Тој е најстарата личност на светот со Универзитетска диплома.
Жителот на јапонскиот град Такаматсу се запиша на Универзитетот во Кјото во 2005 година, кога одлучил да изучува поезија. Да го заврши факултетот, му било потребно 11 години.
“Среќен сум. Секогаш е весело да се направи тоа во мои години. Мојата следна цел е да доживеам 100 години. Ако бидам во добра форма, ќе размислам да го продолжам школувањето и да добијам научно звање”, рече дипломесот кој ги дочекал новинарите во својот дом, прикажувајќи го својот нов сертификат од Гинисовата книга на рекорди.
Јапонецот е роден на 1-ви септември, 1919 година. Иако поголемиот дел од студирањето го поминал дома, повремено одел на настава во Кампусот на Универзитетот во Кјото.
Хирата има две деца, пет внуци и четири правнуци. Тој бил во морнарицата за време на Втората светска војна и работел во болница после војната.
А.Г.