Седумдестгодишна жена од Мексико, која тврди дека е бремена со своето осмо дете, може да стане најстарата трудница во историјата ако се породи за три месеци.
Мариа де ла Луз (70) од Мазатлан верува дека е трудна и дека носи девојче, пишува “Метро”.
Таа изјавила дека има слика од прегледот на ултразвук, а иако не сака да открие никакви детали за бременоста, вклучувајќи и тоа дали имала вештачко оплодување, Марија рекла дека за прв пат се посомневала дека е бремена пред три месеци.
– Ме болеа нозете, имав вртоглавица и повраќав. Ми направија десет прегледи со ултразвук во приватна клиника и јавна болница. Лекарите не можат да поверуваат – вели оваа баба и додала дека носи девојче.