“Најскапото мовче во светот, предизвика лавина реакции во Македонија”

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски склучија договор за реконструкција и доградба на мостот над градската река на улица “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.

Договорот е склучен со битолска фирма и чини неверојатни речиси 500.000 евра или 29.999.140 денари.

Информацијата ни ја пренесе наш читател кој вели дека оваа сума е астрономска со оглед на тоа дека мостот на оваа улица не е некој голем објект па да треба да се потрошат толку многу пари за негова реконструкција.

Точно е дека на мостот му е потребна итна санација и дека тоа значително би го олеснило одвивањето на сообраќајот во овој дел на градот, но да се потрошат цели 30 милиони денари е навистина сума од која боли глава и става прашалник за можна злупотреба на општинскиот буџет.

Пред два дена на оваа тема реагираа и советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои после одржувањето на 28-та седница на Советот истакнаа дека за овој мост најпрво биле предвидени 8 милиони денари, а потоа без промена на одлуките на Совет биле предвидени 30 милиони.

Новинарот Фуркан Салиу на Твитер исто така ја прокоментира веста.

“500 000 евра за реконструкција на овој мост…WTF”, напиша Салиу.

Бурни реакции има и на Фејсбук:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.