Струмица го има со сигурност најсовршениот угостителски објект во Македонија. “Шалом” е место каде аристократскиот пречек, топлата атмосфера и неверојатно впечатливиот амбиент се на дланка.
Пред нешто повеќе од еден месец, Струмица, но и Македонија добија еден вистински угостителски рај, кој досега го посетиле повеќе од 25 илјади гости, или повеќе од 500 луѓе дневно и секој од нив понесол пријатни спомени и сеќавања.
Впечатливоста на објектот ќе ја забележите уште од прв поглед. Надворешниот изглед ќе плени сечиј поглед и ќе добијате впечаток дека влегувате во нешто нестварно, нешто што дотогаш не сте го виделе ни на сон.
Но, тоа е само почеток! Она што дополнително ќе го одземе вашиот здив и ќе ви вети вистинско уживање е внатрешноста на “Шалом”.
За миг ќе помислите дека се наоѓате некаде на илјадници километри надвор од Македонија, а сепак сте тука, гледате вистинско совршенство пред вашите очи, а лицето ви се смее од уникатноста и магичноста која е на секој чекор околу вас.
За услугата не треба многу да се зборува, кога се знае дека Шеф на кујната е Зоран Андонов, член на ММЦЦ здружението на најдобрите Македонски готвачи, кои зад себе имаат голем број медали и признанија.
Секој залак од менито на “Шалом” е вистински афродизијак, а секоја минута плус престој е уживање.
“Шалом” ве очекува, бидете и вие дел од илјадниците задоволни гости!