Најпознатите прилепски рокери на средба со градоначалникот Јовчески

Најпознатиот рок бенд од Прилеп, Тhe Hounds, минатата недела го прославија својот 14-ти роденден и го промовираа својот втор студиски албум. Денеска бендот беше во посета на општина Прилеп каде остварија средба со градоначалникот Борче Јовчески.

-Денес имавме чест наши гости да бидат членовите на прилепскиот рок бенд The Hounds. Овој бенд повеќе од една деценија успешно опстојува, како на прилепската, така и на македонската музичка сцена. Можеме слободно да кажеме дека се бренд на градот, а за тоа е доказ нивниот нов албум насловен како „Самосвест“.

Овој албум во кој свој допринос има и Општина Прилеп, денес го добив како подарок од членовите на бендот, а истовремено поразговаравме за нивните идеи и планови за во иднина, за кои секако ќе имаат моја голема поддршка – напиша Јовчески на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.