Најпознатиот охридски Дедо Мраз кој досега подели над 8500 пакетчиња, повторно бара помош од сите вас – Да му помогнeме одново да израдува илјадници дечиња

Познатиот јутубер од Охрид, Wik Kakarotski и оваа година организира хуманитарна акција за собирање средства, кои ќе бидат наменети за набавка на новогодишни пакетчиња.

-Другарчиња, со огромна возбуда и радост ви го најавуваме стартот на овогодинешната хумана акција “Пакетчиња за сите дечиња” – сезона 3.

Во периодов до Нова Година, ќе собираме донации за пакетчиња за најголемата хуманитарно-забавна акција која досега подари над 8500 пакетчиња ширум државата.

Па така, драги пријатели, активисти, хуманисти, ве покануваме и вие да се приклучите со ваша донација, волонтерство или во најмала рака ширење на оваа позитивна вест!

Акцијата како и секоја година прво се фокусира на деца од ранливи категории, деца со попреченост и деца од руралниот заборавен дел од Македонија. А поради големиот интерес и донирани пакетчиња, секоја година оргнизираме и музички настан, ден два пред Нова Година, каде што за оваа година ви спремаме ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ!

Сите средства кои до сега се донирани на нашата организација се за набавка на ПАКЕТЧИЊА. До сега посетивме и подаривме на илјадници дечиња ширум Македонија. Од Народ за Народ!” велат организаторите на оваа хумано-забавна акција, Никола и Вик.

Помогнете му на Вик и Никола со донирање средства на следниот ЛИНК, или контактирајте го Вик на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.