Еден од најпознатите прилепски млади клавијатуристи, Ицко Ѓорѓиовски, деновиве на градскиот плоштад во Прилеп, го заврши со снимање својот нов музички проект.
“Дарино пајдушко оро”, инспирирано од неговата ќерка и со ритам на македонското пајдушко оро, ќе биде музичко уживање за сите генерации.
Проектот се снимаше и во далечната Австралија, каде снимките ги направи уште еден прилепчанец, Христијан Конески, а желбата да се промовира родниот град, го натера Ице да го збогати ова музичко парче со кадри од Прилеп и нашата убава Македонија.
На плоштадот “Методија Андонов-Ченто” заиграа и играорците од КУД “Моминок”, а меѓу нив беше и прекрасната ќеркичка на Ѓорѓиовски.
Во очекување на крајниот производ, кој треба да излезе околу Велигден, погледнете низ фотографии како се одвиваше снимањето: