Најпознатата видовита прилепчанка: Кај неа иделе голем број луѓе, па дури и од Америка, Австралија и Канада

Живот: Најпознатата видовита прилепчанка

Јасновитка и бајачка за болести, несреќи, уплав, уроци

Светот ја знае видовитата Баба Ванѓа од Струмица, која почина 1996 година. Само година пред тоа, 1995, во Прилеп животот го заврши Ѓурѓа Митреска, позната како Баба Јулија. На неа и ден – денес се сеќаваат многу сограѓани кои поради својата мака биле кај неа. Од нејзините потомци има малкумина, а најблиски се внуката Ратка Митреска – Симјаноска со синот Стевица, жители на Гостивар.

-Баба ми почнала со гледање во млади години. Некаде по смртта на мажот и’, дедо ми Крсте, и’ дошло на сон дека има таква дарба, моќ и треба да им помага на луѓето. Гледаше за уроци, стока, брачни другари без деца… Живееше во едно мало сопче и таму ги примаше несреќните луѓе. Гледаше на карти, кафе. Ја почитуваа и стари млади и образовани луѓе. Сите кои идеа и веруваа во видовита жена. Идеше многу народ. По сите ѕидови имаше наредено многу икони. Татко ми Диме по нејзината смрт сите ги подари в црква. Идеа не само од Прилеп и околината, ами и од други градови. Дури и иселеници од Австралија, Америка. Канада. И мене ми гледаше. Ми рече: ,,Немој да очекуваш некое големо богатство. Ќе се омажиш настрана во средно, скромно семејство, но нема да страдаш за основни работи – храна и слично,,. И така, ми погоди. Идеа секакви, мажени, женети, разведени, скарани, деца што немаа… Други за стока, крави, овци, кози… Носеа малку трици и на нив таа баеше за да оздрават – се сеќава Ратка.

Луѓето биле задоволни и давале разни подароци за благодарност, сирење, јајца, кокошки, петли, месо… Дури некои пари оставале. Имала утврден работен ред и не отстапувала никогаш. Во петок, недела и празник не гледала. Сите други денови била на располагање од разденување до стемнување. Дури имало сонце. И, толку. Имала некоја чудна моќ и дарба. Од неа излегувала силна енергија. Само да излезела и се појавела од вратата, луѓето наредени во редица во дворот прекинувале со разговор и го чекале нејзиниот збор. Кого ќе викне в соба? Секој се надевал дека е следниот што ќе го ислуша. Имала таков авторитет што никој никогаш не и приговрал, дури и ако го врати и му рече да дојде другпат.

-Беше интелигентна жена, иако без образование. Родена во Дупени, Ресенско, кога било Илинденското востание во 1903 година, само две-три години посетувала училиште колку да ги научи буквите и бројките. Такви биле околностите во тоа тешко време. Во семејството биле четири сестри, а имале и прибрат. Така, самоука била за сé. За домашни работи, за готвење секакви јадења, за сучење и месење… Лесно комуникативна со сите. Уште во детството се дружела со Гркинки и Влаинки. Мошне добро зборуваше и грчки и влашки, но и турски разбираше. Се омажила млада, на 16 години. Мажот í, мојот дедо Крсте, млад починал. Имале ќерки Радмила, Блага и Драгица, синови Александар и Диме, татко ми. Сестрите Радмила и Блага рано починале, а во 1959 и Драгица, поради некаква инјекција за сипаници по месец ипол боледување починала на 22 години. Секогаш убаво, модерно облечена, ја забележувале на игранките во Соколана. Паметам Александар, кој умре на 36 години, во 1976 година. Десетина години беше тешко болен. За него се грижеше баба ми докрај – раскажува до детали, Ратка.

Целиот текст прочитајте го на “ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.