НАЈОПАСНИТЕ ЗОНИ ВО СВЕТОТ: Америка и Русија би можеле да се судрат во овие две точки

Во светот постојат две точки во кои Русија и САД би можеле директно да се судрат, смета членот на Советот на Федерацијата, Алексеј Пушков.

“Постојат две зони за потенцијален судир меѓу Русија и САД: Сирија и Балтикот. Воената активност на САД на Балтикот би можела да предизвика сериозна криза”, напиша Пушков на Твитер.

Претходно американските медиуми соопштија дека руски авион СУ-27 му го пресекол патот на американски противбродски авион “боинг П-8 Посејдон” над Балтикот. Според медиумите овие акции на пилотите се сметаат за безбедни, но непрофесионални.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.