Најнов термин за почеток на школската година? Нешто шкрипи?

Градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС прашан за техничката подготвеност на училиштата во главниот град во изјавата за почеток на учебната година го спомена понеделник 5 октомври, наместо најавениот датум 1 октомври кој се паѓа во четврток.

-Ајде да започнеме еднаш на 5 октомври, бидејќи станува збор за динамична категорија, ќе носиме потези кои пред се имаат за цел да дадат квалитетно образование на дечињата, но од друга страна и да го заштитиме здравјето на граѓаните – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.