Жена бомбаш се разнела во париското предградие Сант Дени за време на полициската акција која од утрово се спроведува во француската престолнина. Според најновите информации од француските медиуми, убиени се тројца снајперисти, а ранети се тројца полицајци.
Според досегашните информации, полицијата успеала да уапси три лица чиј идентитет се уште не е познат.
На лице место има многу полиција и возила на Брза помош.
На жителите од тој дел на градот им е препорачано да останат во домовите и да се засолнат од прозорите. Дел од нив се евакуирани.
Полицијата се сомнева дека групата се состои од двајца или тројца терористи кои се забарикадарани во еден стан.
Меѓу терористите се претпоставува дека е мозокот на нападите од Париз, Абделхамид Абауд.