Во наредните денови пред новогодишните празници времето во земјава ќе биде постудено со утрински температури под нулата.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер.
Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.
На 31 декември ќе имаме температура од 6 степени преку ден, а ќе врне замрзнат дожд.
На 1 јануари ќе биде сончево со температура од 6 степени.
Познатата метео апликација Accuweather излезе со детална прогноза за наредниот месец и почетокот на наредната 2019 година.
Првите денови во новата година ќе донесат температури од 4 до 6 степени.