Најнова анкета: Македонците и другите националности ќе заокружат број 2, Албанците ќе бираат меѓу Пендаровски и Река

33,5% Македонци својот глас ќе го дадат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, а 35,8% би го заокружиле бројот 2 пред името на професорката Гордана Силјановска – Давкова. Само 0,2% Македонци својот глас би му го довериле на претседателскиот кандидат Албанец, професорот Блерим Река. Никој од Албанците, пак, не би гласал за професорката Силјановска, но дури 17,9% од другите националности ѝ веруваат на професорката по уставно право, а само 14,3% за свој претседател го гледаат кандатот на владејачката коалиција, Пендаровски. Река не би добил глас од другите националности, покажуваат резултатите на оваа анкета

Испитаниците Македонци ќе заокружат број 2 на гласачкото ливче на претседателските избори на 21 април, односно ќе гласаат за кандидатката за претседател на Република Македонија Гродана Силјановска – Давкова, а Албанците, пак, ќе бираат меѓу кандатот на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски и независниот претседателски кандидат поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, професорот Блерим Река.

Овие проценти се резултат на телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведена од 23 до 27 март годинава на репрезентативен примерок од 1110 испитаници од целтата држава.

Анкетата на ИПИС ја презентира политичкиот магазин „Детектор“ на ТВ Сител.

Според на анкетата, 33,5% Македонци својот глас ќе го дадат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, а 35,8% би го заокружиле бројот 2 пред името на професорката Гордана Силјановска – Давкова. Само 0,2% Македонци својот глас би му го довериле на претседателскиот кандидат Албанец, професорот Блерим Река.

Никој од Албанците, пак, не би гласал за професорката Силјановска. Нивните гласови се распоредени кај кандидатите-мажи – за Пендаровски ќе гласаат 17,4% Албанци, а за Река 30,4%.

Сепак, висок е процентот испитаници од другите националности, кои својот глас би го дале за кандидатката Силјановска-Давкова. Дури 17,9% ѝ веруваат на професорката по уставно право, а само 14,3% за свој претседател го гледаат кандатот на владејачката коалиција, Пендаровски. Река не би добил глас од другите националности, покажуваат резултатите на оваа анкета.

ИПИС нагласува дека овие резултати се добиени под претпоставка дека во земјата живеат 1.400.000 гласачи, базирано на претходни истражувања на институтот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.