Денеска се наоѓаме пред стадионот во паркот на Могилата на непобедените, кој за жал е целосно запустен и руиниран, како резултат на негрижата на локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски. Искршени столчиња, уништен тревник, од стадион на кој се одигруваа фудбалски натпревари, полека се претвора во нива – истакна на денешната прес конференција Никола Златески, претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:
“А што друго да се очекува од градоначалник и власт кои многу ветуваа, а ништо не исполнија?
На Илија Јованоски и СДСМ им остануваат уште помалку од година ипол до крајот на нивниот мандат, па во оваа прилика ќе потсетиме со какви се ветувања излегоа пред граѓаните.
Градоначалникот кој важи за еден од најнеспособните во Македонија, за развојот на спортот ветуваше изградба на нова спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски”, ставање во функција на Универзалната сала преку јавно приватно партнерство и целосно реновирање на поранешната Соколана.
Видео од 2018 година каде Јованоски им ветува на фудбалерите дека стадионот на Могила ќе биде реновиран и ставен во функција
Јованоски лажеше и за изградбата на спортски игралишта во повеќе населби во Прилеп, лажеше за изградба на спортско-рекреативен центар кај Вештачкото езеро, а сеуште нема ниту шајка закоено за ветениот затворен базен.
Лажеше и за обновувањето на планинарскиот дом Дервен, како и за ставање во функција на спортската сала Македонија.
Ќе потсетиме и дека ветуваше целосна реконструкција до крајот на минатата година на градскиот стадион “Гоце Делчев”, кој деновиве одново се претвора во дива ливада.
Со еден збор градоначалникот Јованоски и СДСМ излажаа се’ што кажаа пред граѓаните и спортистите во Прилеп.
На овој стадион позади мене, настапуваше и Фудбалскиот Клуб Победа, која за жал само пандемијата со корона вирусот ја спаси од испаѓање во трета лига.
Почитувани сограѓани,
Оваа власт запусти се’ што допре во Прилеп, а нивното неработење во изминатите три години не го покрива ништо.
Најдобро ќе биде Јованоски да си даде оставка и да си замине заедно со неговиот ментор Зоран Заев на престојните парламентарни избори.
Ова уништување мора да престане!”