Делови од САД до крајот на неделата ќе бидат зафатени од многу ниски температури кои ќе се спуштат до -53 степени Целзиусови, предупредуваат метеоролозите.
Најстудено ќе биде во среда, а Чикаго ќе биде постуден и од Антарктикот, а како што велат метеоролозите, вака ниски температури се случуваат еднаш во 25 години.
Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова предупредиле дека за време на престој на отворено луѓето не треба многу да вдишуваат и не треба многу да зборуваат.
По овој повод се огласи и претседателот на Америка, Доналд Трамп кој на Твитер напиша дека „На преубавиот Среден запад, ледените темпратури достигнуваат минус 60 степени и дека луѓето не можат да издржат ниту минута надвор“.
-Што се случува со глобалното затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш, напиша Трамп.
In the beautiful Midwest, windchill temperatures are reaching minus 60 degrees, the coldest ever recorded. In coming days, expected to get even colder. People can’t last outside even for minutes. What the hell is going on with Global Waming? Please come back fast, we need you!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 29, 2019