Споредувајќи ги цените на потрошувачката кошничка со есенцијалните производи за одмор, истражувањето спроведено од „Post Office“ги откри најевтините европски дестинации за одмор.
Според цените на шише пиво, кафе и вечера за двајца со шише вино, најпознатата летна дестинација во Бугарија, Сани Бич, е најдоброто и најевитното место за одмор. Цената на кошничката во овој град изнесуваше 43 евра – за споредба, другите летни дестинации имаа кошничка вредна над 150 евра.
Ова се останатите најевтини летни дестинации во Европа:
1. Сани Бич, Бугарија – 43 евра
2. Алгарве, Португалија – 68 евра
3. Коста дел Сол, Шпанија – 70 евра
4. Мармарис, Турција – 78 евра
5. Пафос, Кипар – 84 евра
6. Коста Бланка, Шпанија – 85 евра
7. Порец, Хрватска – 89 евра
8. Лимасол, Кипар – 89 евра
9. Крит, Грција – 91 евро
10. Занте, Грција – 92 евра
11. Кефалонија, Грција – 94 евра
12. Мајорка, Шпанија – 98 евра
13. Крф, Грција – 100 евра
14. Слиема, Малта – 105 евра
15. Брегот на Лисабон, Португалија – 109 евра
16. Задар, Хрватска – 118 евра
17. Ница, Франција – 126 евра
18. Соренто, Италија – 128 евра
19. Ибица, Шпанија – 141 евро
Извор: Република