Листата од 48 градови е составена врз основ на осум параметри, вклучувајќи и одговор на пандемиjaта од кopoнавиpycoт.
“Global Finance Magazine” ја состави листата од најдобри градови за живот врз основ на осум параметри, вклучувајќи ја и реакцијата на пандемиjaта.
Параметрите се: економската моќ, истражување и развој, културна интеракција, животна средина, достапност, БДП по глава на жител и бројот на починати од Koвид-19 на милион жители.
Титулата за најдобар град ја доби Токио. Јапонскиот главен град победи поради високите резултати по сите параметри, како и добрите мерки кои беа преземени во изминатиот период. Во цела Јапонија има мал број на случаи од Koвид-19, има развиен транспортен систем и генерално висок квалитет на живот”, пишува Global Finance.
Целата листа изгледа вака:
– Токио, Лондон, Сингапур, Њујорк, Мелбурн, Франкфурт, Париз, Сеул, Берлин, Сиднеј, Хонг Конг, Копенхаген, Виена, Амстердам, Хелсинки, Цирих, Дубаи…