Најдобрата странска инвестиција од претходната Влада во Прилеп “ВИК”, со одлична вест (Видео)

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата „ВИК (WIK) Македонија“, Вернер Шоеб, потпишаа договор за државна поддршка за вториот инвестициски проект на оваа компанија, која работи во технолошко-индустриската развојна зона „Прилеп“.

Изградбата на фабриката на групацијата “ВИК” заврши во 2018 година, а почетната инвестиција изнесуваше 6 милиони евра. Како трета странска инвестиција во ТИРЗ Прилеп, “ВИК” започна да се гради во 2017 година, а беше донесена од економскиот тим на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

“ВИК” беше последната инвестиција во оваа индустриска зона, а после нејзината изградба и отпочнување со работа, не е поставен нов камен темелник за нова инвестиција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.