Ги полни мрежите низ Италија, но растура и во дресот на Македонија.
Илија Нестровски два пати прецизно стрелаше во дуелот против Лихтенштајн, кој Македонија го игра на гостински терен.
Во 68-та минута зголеми на 0:2, а во 73-та ја запечати победата за Македонија и првите три бода во квалификациите за Светското првенство во 2018 во Русија.
Несторовски промаши и пенал во 89-та минута и пропушти шанса за хет-трик.
Со оваа партија прилепчанецот одново го докажа својот квалитет и страшна форма во која се наоѓа.