Факултетското студентско собрание при Економски факултет -Прилеп органзира хуманитарна акција со цел да се помогне на социјално загрозените семејества.
-Од 15.12 до 22.12, секој од нас во рамките на своите можности, може да донира во еден маркетите, односно во кошничките коишто се поставени во маркетите означени со нашите постери – велат студентите од Економскиот факултет Прилеп.
Вклучени во акцијата се следните маркети: ТОБАКО ДИСКОНТ, КАМ маркети, БОНИТА НИНЕ, МЕШЕ маркет, ФОРУМ маркети, ПАТА маркет, АЛИЈАНСА маркети, ЏИМИ маркет.
“Почитувани колеги, професори и сограѓани, ние како студенти сметаме дека секој треба да ги дочека Новогодишните и Божиќните празници во кругот на своите најблиски, исполнети со среќа и весели мигови. Токму поради тоа Факултетското студентско собрание при Економски факултет -Прилеп, во соработка со Здружението “Епилепсија – Македонија”, ja oрганизира оваа хуманитарна акција за собирање на храна, средства за лична хигиена, на начин што од 15 до 22 декември секој во рамките на своите можности може да донира во некој од маркетите, односно во поставените кошнички во маркетите означени со нашите постери. Сите собрани производи ќе бидат соодветно распоредени и поделени на оние семејства на кои што најмногу им е потребно. За таа цел го замолуваме секој оној кој што е во можност да земе активно учество во оваа хуманитарна акција и да допринесе за нечија насмевка”, велат студентите.