Фреди, куче од расата дога е прогласено за најголемо на светот и запишано е во Гинисовата книга на рекорди.
Тој е висок 2,29 метри и има скоро 93 килограми, а за оброк јаде цело печено пиле без проблем.
Неговата сопственичка Клер Соунмен кажа дека не очекувала дека Фреди волку ќе порасне. Како што тврди, тој изел и уништил дури 23 софи.
„Кога се шетаме некој не прекинува на секој 5 секунди, коли застануваат да го видат Фреди“, вели сопственичката за ББЦ.