Најголемиот македонски мајстор во бразилска Џиу-Џица, деновиве беше во Прилеп

Деновиве во Прилеп во клубот за Бразилска Џиу Џица “Рутс Бџџ Прилеп” имавме чест да го запознаеме Роберт Наумоски – главен инструктор во “ROOTS BJJ MACEDONIA” и првиот црн појас во светот кој потекнува од Македонија, поточно од Прилеп.

dsc_0004

Носител е на црн појас од 2010 година, а оваа година доби и втора лента на црниот појас. Секоја година ја посетува Македонија и како главен инструктор помага во напредокот и развивањето на Бразилската Џиу Џица во Македонија, преку семинари (наменети за членовите и тренерите), приватни часови и совети.

dsc_0038

dsc_0037

dsc_0034

dsc_0032

dsc_0031

Во недела на 18.12. 2016 во Скопје ќе се одржи семинар за Бразилска Џиу Џица под водство на Роберт Наумоски, а на семинарот ќе бидат прикажани повеќе техники кои ќе помогнат на идните натревари и подобрување на техничката спремност на натпреварувачите.

dsc_0028

dsc_0027

dsc_0026

Семинарот е во организација на “Македонската федерација за Бразилска Џиу Џица” .

Роберт Наумоски живее во Сиднеј, Австралија каде што е главен инструктор за Бразилска Џиу Џица во “Ultimate Defence Academy St. George ROOTS”.

dsc_0025

dsc_0024

dsc_0022

dsc_0021

dsc_0019

Негов тренер е Паоло Гимареш кој е ученик на Жорж Переира, еден од најголемите светски тренери и борци. Роберт има искуство и во ММА борби и тоа искуство го пренесува во Македонија. Тренира боречки спортови од 12 годишна возраст, а првите контакти со БЏЏ му биле на 23 годишна возраст. Во Македонија се запознава со Ивица Алексовски и за прв пат организираат семинар за БЏЏ на кој има 250 учесници. Се останато е историја. Ивица Алексоски е кафеав појас и е Претседател на Македонската федерација за Бразилска Џиу-Џица. Клубот “Рутс БЏЏ-Прилеп” e член на Македонската БЏЏ федерација веќе три години во кои има постигнато повеќе успеси на државно и меѓународно ниво.

dsc_0010

dsc_0006

dsc_0003

dsc_0012




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.