Јосиф Висаринович Сталин познат како “човекот од челик”, не сакал да покаже пред народот дека има страв. Сепак целиот живот пател од овие три фобии.
Сталин ја сакал авијацијата, но никако не сакал да влези во авион. “Таткото на нацијата” им давал предност на возовите.
Неговиот страв станал уште поголем во 20тите и 30тите години по неколку авионски несреќи во кои настрадале важни политички личности. Во 1925 година група на функционери загинале во авионска неср еќа покрај Тбилиси.
Лав Троцки требало да биде еден од патниците во тој авион, но во последен момент се одлучил за воз. Познатиот советски воен теоретичар Владимир Трјандафилов загинал во авионска несреќа во 1931 година. Сталин бил шокиран од овие настани и лично ја контролирал истрагата.
Освен од летање, Сталин имал страв од труење.
Познато е дека секое јадење кое му било сервирано на Сталин, требало претходно да биде дегустирано. А за време на таканаречената “Голема чистка” неговата параноја се зголемила.
Страв од спиење:
Сталин се плашел дека би можел да заспие и никогаш да не се разбуди. Тоа е една од причините поради кои тој работел за време на ноќта. Спиел само кога бил претерано физички и психички изморен.