Од понеделник, времено ќе биде затворена компанијата „Гентерм“ во технолошко-развојната зона „Алинци“ во која има околу 1.900 вработени. Еден од административните работници во компанијата е позитивен на тестот за коронавирус.
Од 1 април е затворена и текстилната компанија со над 200 вработени, затоа што една од работничките е позитивна на тестот за коронавирусот.
Во изминатото деноноќие во Прилеп потврдени се нови 2 случаи со Ковид – 19, а бројката достигна 24 заразени лица.