Најголемата европска економија на колена

Пандемиjaта на кopoнавиpycoт ја втурна германската економија во peцecиja. Бруто домашниот производ намален за 2,2%.

Поради здравствената kpиза предизвикана од kopoнавиpycoт, како последица се создаде економска kpиза, дури и во најсилната економија во Европа.

Во првото тримесечие од оваа година, забележан е пад на БДП за 2,2%, а германското Министерство за финансии предупредува дека резултатите за второто тримесечие ќе бидат уште полоши. Германија се справува и со зголемување на невработеност, за прв пат по 2013 година. Ова не е некое изненадување со оглед дека автомобилската индустрија, како една од најсилните гранки, но и многу други, беа речиси целосно стопирани.

Овој пад на економијата е втор најголем во Германија по 1990 година. Најлошиот резултат е забележан во првото тримесечие во 2009 година, кога падот беше дури 4,7%.

Спека, Германија не е во најлоша состојба во Европа. Франција за сега претрпе најголема штета (пад на БДП за дури 5,8%), што е најмногу по Втората светска вojна. Следна е Шпанија (5,2%) и Италија 4,7%…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.