Крадев во Виетнам се обидел среде бел ден да ограби куќа. Но, тогаш работите започнале да се одвиваат како што не планирал…
Во обид да изврши провала, арамијата со помош на лост подигнал тешка железна порта која се срушила на него и му ја скршила ногата.
Едвај успеал да побегне кривејќи, а работата да биде уште полоша, му се загна и кучето кое будно ја чувало куќата.