“Соколово гнездо” како што ја нарекуваат продавачите на недвижности, има панорамски поглед на пустина од кој застанува здивот.
Оваа куќа од соништата се наоѓа на врв од 38 метри над површината на земјата во Прескот, во сојузната американска држава Аризона.
“Соколовото гнездо” се продава за околу 1,4 милиони евра.
Куќата има 576 метри квадратни, а ја дизајнирал архитектот од Феникс Сукумар Пал. Со своите три спални соби, четири купатила, стаклена конструкција и поглед од 380 степени на врвовите на Сан Франциско и пустината, оваа куќа претставува предизвик за сите трговци со недвижности.
Во неа може да се влези со помош на хидраулик лифт, а специјалниот систем на снабдување со енергија и овозможува да се лади во лето и да се грее во зима.
Погледнете го видеото:
А.Г.