Киселото млеко е исклучително корисен производ што ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага при исфрлањето на отровите од организмот и го поттикнува метаболизмот.
Додека ја држите диетата со кисело млеко, се препорачуваат следниве производи:
природно кисело млеко – 500 грама дневно
овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големата количина на шеќер што ја содржат)
месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино, со отстранета кожичка и маснотии)
зеленчук (плодови) – до 300 грама дневно (домати, ‘рдоква, краставица, пиперка…)
зеленчук (зелјест) – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола…)
Количината на кисело млеко што ќе ја користите во поединечни рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да изедете 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите во оброците, останува на вас.
Пример за мени
Појадок: Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.
Ручек: Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечкана на ситни парчиња, 100 грама варено месо, салата од краставици, домати и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимонада (без шеќер)
Попладневна ужина: Домати со кисело млеко. Во киселото млеко додајте малку сенф, малку сол и кратко измешајте во блендер.
Вечера: Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер
Извор: “Република”