Зоран Заев најавува дека доколку победи на предвремените парламентарни избори во целост ќе го реализира Договорот со Бугарија. Ова го истакна Заев во своето интервју за ТВ Стар, посочувајќи дека дел од нашата историја е заедничка со Бугарија.
-Нормално е Бугарија да сака договорот да биде реализиран сакаме и ние да биде договорот реализиран и отворено кажуваме ние во тој договор прифативме заедничка историја. Што е факт. Дел од нашата историја е заедничка, дел од нашата историја е наша посебна.
Според него македонскиот револуционер Гоце Делчев бил и на Бугарија и на Македонија.
Бугарија сега од Македонија бара да се откаже од Гоце Делчев, а во македонските историски читанки да пишува дека тој бил Бугарин за нашата држава да стане дел од Европската Унија.
Покрај од историјата соседна Бугарија бара од нас да се откажеме и од македонскиот јазик кој според бугарските лингвисти е северно македонско-бугарски.