Седниците на Советот ќе бидат јавни, но почекајте и бидете трпеливи.
Советот на Општина Прилеп со 25 гласа “За” и еден воздржан, ја изгласа првата точка од дневниот ред на денешната седница.
Имено, Советот одлучи седниците да се пренесуваат во живо, но снимањето ќе може да го вршат исклучиво службите на Локалната самоуправа. На ваквиот предлог забелешка имаше само советникот од Левица, цитирајќи го делот од Законот за локална самоуправа каде е определено седниците да бидат јавни без никакви ограничувања.
Како и да е, седниците ќе можиме да ги следиме на YouTube каналот на општината, но откако ќе се отстранат сите технички проблеми. Денешната неподготвеност ја одложи работата на Советот за околу еден час.