Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави објавување на нова кopyпуциска афepa поврзана со Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
-Од петок ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи серија прес конференции на кои ќе објави нова кopyпциска афера поврзана со Националната агенција за образовни програми и мобилност којашто и во оваа фаза на интерграција користи ЕУ пари. Ќе објавиме како се трошеле европските пари. Делени се средства на блиски невладини организции на раководството на агенијата. Исти четири невладини ги добиле проектите и минатата и оваа година. Пpoневерени се околу 3 милиони евра, сомнителнен е тендерот за избор на ПР агенција. Владата треба да апелира тоа брзо да се испита, бидејќи се пpoневерени европски пари, рече Николоски.