Анастасија е родена во Скопје и на своја 3-годишна возраст таа со нејзините родители се преселиле и живеат во Хабург, Германија.
Девојчето е вистински промотор на Македонија и досега има неколку видеа на својот јутјуб канал Mit Anastasija, a последното е посветено на културните и природните знаменитости на Прилеп.
Могила на непобедените, споменикот на Александар Македонски, градскиот плоштад, спомениците на Пеце Атанасоски и Итар Пејо, џамијата, Саат кулата, чаршијата, Марковите Кули… се дел од местата кои Анастасија детално ги опишува во својата репортажа за Прилеп.
Нејзин водич низ градот под Марковите Кули беше уште еден наш исселеник, Александар Бузлески од Прилеп кој исто така живее во Германија.
За среќа нивната посета на Прилеп се поклопила, па заеднички го снимиле ова прекрасно видео какво не би направиле ниту голем број врвни промотори и тур оператори.
Видеото е со превод и на германски јазик, па така голем број Германци ќе дознаат и ќе се запознаат со убавините на Прилеп.
Секоја чест за ова прекрасно девојче и и’ благодариме за прекрасната репортажа.