Нашинците хуманитарци од Австралија со огромни срца: Уплатени нови средства за лекување на Македонци во Турција и Русија

Хуманитарците од Австралиско-Македонската Хуманитарна асоцијација Св Архангел Гаврил досега имаат уплатено преку 350 илјади долари за помош на лица во Македонија.

На 13 април 2018 година, од оваа асоцијација одржале донаторска гала вечер во Долтон Хаус, Силванија Вотерс Сиднеј.

Биле собрани вкупно 21 981 долари, кои беа уплатени директно во медицинските центри каде што двајца Македонци требало да одат на третмани.

“Сума од 12.298 долари се префрлени во медицинскиот центар во Русија за Никола Новоселски

Дополнителните 8375 долари беа префрлени во медицинскиот центар во Турција за Роберт Балабаноски

Останатите средства од 1308 долари ќе бидат искористени за следниот корисник на нашата листа на чекање, Христијан Пановски откако ќе биде примена фактурата за неговиот третман” – стои во соопштението на хуманитарната асоцијација Св. Архангел Гаврил.

На 24 Јули 2014 година, претседателот на Република Македонија, г-н Ѓорѓе Иванов ја одликува оваа орагнизација со наградата Повелба на Република Македонија за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како организација за зачувување афирмирање на македонските, историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработка на Република Македонија со Австралија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.