Школската година започна и во сите училишта во населените места во Прилеп, а наставата веќе се одвива непречено. Во ООУ “Страшо Пинџур” во прилепско Мало Коњари, во вторникот како и во градските училишта, се одржа свечен прием на новите првачиња, а успех на дечињата им посакаа директорот на училиштето и заменик градоначалникот на општина Прилеп.
Убав гест направи нашинецот Саше Ачкоски, кој живее и работи во Германија, кој со неговото семејство обезбеди ваучери во вредност од по 1.000 денари за училишен прибор, за секое прваче.
Училиштето за овој хуман гест на Ачкоски им се заблагодари со доделување Благодарница. Нека ова биде поттик за сите други наши гастрбајтери и стопанственици.