Прилепскиот рок бенд Бен Хур издаде нова песна. Овој пат нешто сосем поинакво од досегашната нивна работа. Песната насловена како “НАША ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА” е посветена на нашето богато и славно минато. Текстот на Душко Темелкоски, кој овојпат се јавува како главен вокал, е вообличен преку музиката и аранжманот на гитаристот Борче Шабаноски, во чие студио е и снимена самата песна.
Видео записот на песната го реализираше “Фабрика продукција” од Скопје, на две препознатливи локации поврзани со минатото на Прилеп, итоа Паркот на револуцијата и манастрискиот комплекс Св. Архангел Михаил во населбата Варош, додека пак главниот дел се снимаше на сцената во Центарот за култура “Марко Цепенков”.
Учество во видео записот зедоја: Александра, Марија, Елена, Емилија, Адела, Тамара, Леонарда, Ангелина, Викторија, Тамара, Анастазија и Стефани, како детски хор.
Слушнете ја песната и погледнете го видео записот!