“Национално единство – Силна држава!!!”

Во целата плејада на коментари во така наречената „дебата“, повторно муабетот се сведува на предавници и патриоти. Во услови на ваква национална неслога, караници и други деструктивни манифестации е можно единствено решение: постепено и сигурно пропаѓање на државата и народот… Да појаснам:

Дали постојат патриоти? Да! А, дали постојат предавници? Секако! Се разбира, непријателот не може да ви биде предавник,затоа што тој ви е деклариран противник, но предавникот може секогаш да ви стане непријател. Предавник може да ви биде соборец, роднина, пријател, тој што до вчера со вас споделувал идеја, а утре од вас се откажал поради материјална корист или власт!

Ако се земе фактот дека неовластените прислушкувани разговори кои и беа предадени на СДС од странски служби,повторувам странски служби ,беа искористени во одвлекување на вниманието на јавноста од најгорливиот проблем кој, како некоја канцерогена метастаза, сè повеќе ги ослабува македонскиот народ и нација.

Веќе традиционалното национално неединство, меѓусебната секојдневна завист, копањето гроб еден на друг. Сите тие негативни карактеристики се последица на вековното отсуство на чувството за национално единство, на потребата еден на друг, да дадеш и да добиеш кога е најпотребно. За ваквата песимистичка дијагноза причината не треба да се бара кај турскиот султан или хабзбургшкиот крал, туку во самите нас, секој во себе.

Од пропаста на Александровата империја до битката на Марица било време на македонските кралеви, но со продорот на Османлиите на Балканот, почнало канцерогеното жариште кое е денес метастазирано до неизлечиви размери. Имено, за да се преживее под туѓото ропство, се развил негативниот инстинкт – мојот опстој да го изградам врз туѓата пропаст! Порано тешката клетва „Да му цркне козата на комшијата“, денес е уште потешка „Да цркне комшијата ,да му ја земам козата!“

Понатаму националната сага е добро позната. Трката во додворувањето на туѓиот поробувач ја произвело класификацијата: патриоти и предавници!

Гоце Делчев рекол: “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, изроди, како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

Денес иако поминал повеке од еден век,ништо се нема променето…Историјата и денес запишува повеке предавници отколку Патриоти…Бранко Тричковски,во една своја колумна повика дека посакува војна во која ке изгинат сите патриоти..Да бидеме реални,најголемиот број на родољуби кои храбро се бореле за македонската кауза низ историјата биле убиени…

Преживеале оние кои се криеле по планините, плашливите, но и дел од потомците на великаните кои го дале својот живот за татковината, потомци задоени со идеја и идеологија од нивните претци.. Не е ни чудно што овој идеолог на СДС повикува на ваква војна како би не истребиле до последен и нас, вистинските Македонци кои веруваат во тоа дека националните интереси се поважни од било какво богатство ,стекнато занемарувајки ги истите…Нам, обичните, најмачните, сиромасите, горделивите, луѓе кои знаат дека парите не се тие што носат среќа и достоинство, нас што додека дишеме ќе не боли за Македонија.

Да бидеме на јасно,не можеме да имаме стабилна држава се додека размислуваме само и единствено на брзи пари! Она што ни фали нам е токму тоа национално единство но и драстични промени во менталниот склоп за да можеме да ја изградиме државата бар до ниво на Словенија!! Се додека размислуваме како да најдеме најбрз начин да избегаме од државата,ке тапкаме во место…

Поголемиот дел се одлучиле да извадат бугарски пасош(не ми е целта да ги осудам)од егзистенционални причини и заминале да работат низ Европа…Но никој не се прашува зошто Бугарија издава со години наназад пасоши на Македонци…Имено од последниве случувања и од изјавите на видни бугарски политичари и дипломати забележуваме дека ја користат секоја прилика да го присвојат македонското малцинство во земјите надвор од Македонија и да го прикажат како свое „Бугарско“малцинство…

Ако се земат во предвид фактот дека во Република Македонија започна драстично уништување и отстранување на многуте спомен обележја на кои се испишани имињата на Македонци кои биле егзекутирани од БУГАРСКАТА ФАШИСТИЧКА РАКА,има некој да праша зошто?!

Дали треба да го занемарам фактот дека дедо ми умре со куршум во грбот кој си го носеше уште од времето на партизанските денови, а бил истрелан од Бугарски фашисти?! Нема да заборавам затоа што ме боли!! Да го занемарам ли фактот дека за Димитров и Каракачанов не постои Македонска нација,Народ и Црква?

Фактот дека го негираат нашето постоење со некаква теза дека сме некаква вештачка нација создадена од комитерната а Тито ни подарил држава?! Токму затоа се случи и тој штетен договор кој под маската на „Добрососедство“ беше потпишан од предавниците на македонскиот народ…

Последиците допрва ке ги сетиме,дај боже да грешам но освен тоа што ке си ја присвојат нашата историја и великани како нивни,следно што ке побараат е промени во Уставот на РМ ,каде што ке бидат внесени и Бугарите како малцинство во истиот.

Понатаму…Промена на вековното име на Република Македонија преку потпишувањето на мегународен договор со Грција кој и те како се коси со уставот како највисок правен акт во државата? Пазете, се потпишува договор кој ке иницира Уставни измени,иако секој мегународен договор мора да биде во согласност со уставот! Нелогично нели?! Ваков договор според Уставот на РМ може да склучи Претседателот на РМ,но не и Премиерот или Министерот за Надворешни работи! Уште една нелогичност?!

Често ги слушаме дека народот ке одлучи на референдум кој сеуште не одлучиле каков ке биде(консултативен или задолжителен) но според Зоран Заев кој модел и да го изберат ке бил обврзувачки за пратениците! Пак нелогичности!!

Со просто мнозинство се донесува закон за ратификација на договорор кој предвидува Уставни измени за кои е предвидено двотретинско мнозинство!! Повторно нема логика…И врв на нелогичноста е тоа дека овој договор најпрво ке биде ратификуван па потоа ке се прашаат граѓаните на Р.Македонија преку референдумско изјаснување дали се за Промена на ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА? Еднаш ратификуван договор во собрание не може да трпи измени и е правно обврзувачки за Државата…

Референдум се прави пред да се склучи договор,односно граѓаните откако ке ја знаат целосната содржина на договорот да може да се изјаснат дали се „ЗА“или „Против“ истиот!! Но како и се што се случува во државата последниве две години така и во овој случај се е сведено на нелогичности!! Уште кога ке ми текне само со која еуфорија беше соопштено дека договориле Промена на Уставното име ,почнува да ми се гади!! Честитки од секаде стигаат,европратеници,Премиери и Претседатели на држави,актери…

Би ги издвоил неколку само:Расел Кроу на социјалната мрежа твитер го поддржа договорот помегу Република Македонија и Република Грција! –И јас го поздравувам договорот склучен помеѓу Северна и Јужна Кореа бидејки не ми е гајле за содржината на истиот!

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет го поздрави договорот помегу двете земји и посочи дека на Република Манекедонија местото и е во ЕУ , а Велика Британија излегува од ЕУ!!
Доволно со поздравите, ми ја фативте поентата…

Професорот на Правниот факултет во Штип, Strasko Stojanovski , кој е меѓународно признат експерт за нации и национализам, преку девет точки даде објаснување на самата содржина на договорот и зошто Владата погреши со потпишување на овој капитулантскиот договор (https://www.facebook.com/strasko.stojanovski/posts/10214644750945239) на што дополнително би додал дека најсреќни од исходот на гласањето на закон за ратификација на договорот, беа пратениците од Албанскиот блок…

Ова го потенцирам затоа што несомнено од овој договор ќе произлезат многу бенефити само и единствено за нив..Двојазичноста,потоа промената на банкнотите која никој не ја спомена,независно дали станува збор за политичар или новинар која ке биде иницијална каписла бидејки таму јасно стои НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА..

Кога ке кажам иницијална каписла мислам на апетитите на албанскиот блок кои се однесуваат на печатење на нивни албански обележја на банкнотите…Тоа само по себе ке повлече и поставување на албански симболи на нашето национално знаме,ако се земат во предвид радикалните изјави на одредени политичари кои не се чувствувале комотно под македонското знаме и не чувствувале обврска да го постават пред нејзините партиски седишта! Истото ке се случува и со химната, да бидеме на јасно!!
Значи да резимираме:

Во последните 18 месеци во Република Македонија се случуваат неколку штетни договори под маската Евро-Атлански интеграции со кои :

-Се откажуваме од Сопствената Историја и преку комисии од историчари ке ни биде пишувана од соседните земји;

-Се откажуваме од малцинства надвор од денешните граници на Република Македонија,со што стануваме некоја новоизмислена нација;

-Ставаме геогравска одредница на нашето вековно име и го користиме за севкупна употреба,односно од држава стануваме територија која подоцна ке се кантонизира и подели;
-Ке менуваме банкноти,лични карти,пасоши,возачки дозволи и сл,но притоа нема да смееме да прашаме на чив грб ке паднат овие трошоци и кои фирми и во чија сопственост ке направат богатство за изработка на истите!

Е НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!!!

Јас сум се родил како Македонец во Македонија,моите предци живееле тука, со векови, со милениуми и опстанале. Како окупирана територија и како народ.. Тоа што вас пробуваат да ве убедат дека постоиме 30 години, тоа е сосема друг муабет,но фактите што ги пишува низ секоја архива во светот говорат сосема друго..А со вакви договори и ветувања „ сменете го името па ќе ве примиме во НАТО и ЕУ “ е само продавање на ветер и магла!
Предавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето.

Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата.
Се разбира, антидемократски е квалификацијата предавник за сите што различно мислат, говорат и имаат свое спротивно уверување од било која власт. И во Македонија, како и во секое демократско општество, не се предавство или велепредавство разликите во мислата, говорот или уверувањето. Тоа е здраво демократство општество.

Но, предавство е кога високи владини функционери, за време на своето владеење работаат или пропагираат против својот народ и држава,тоа е предавство или велепредавство…Казната за ова дело е општо позната и никако не застарува!!
Македонија е многу повеќе од фејсбук статус и стори на Инстаграм за време на натпревар на репрезентација.

Палката сега е кај нас, кај граѓанинот, кај народот.Можеби повеќето сме сиромашни,ама Македонци сме,ја сакаме оваа држава на начин на кој вие никогаш нема да можете да го разберете !! Ние немаме друга татковина и не планираме да си одиме од тука!! Ако сте неспособни да ни донесете подобар живот одете си , еднoставно е! Имајте на ум дека ова е НАША земја, НИЕ одлучуваме!
Да живее Република Македонија !!

Бошко Цветковски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.