Научниците тврдат дека откриле докази за најстарите едноjajчани близнаци

Според истражувањето објавено на 6 ноември во списанието “Nature”, близнаците откриени во Австралија живееле пред околу 30.000 години.

Меѓународен тим на научници од Австрија и САД тврдат дека откриле докази за најстарите еднојајчани близнаци. Според истражувањето објавено на 6 ноември во списанието “Nature”, близнаците откриени во Австралија живееле пред околу 30.000 години.

“Потврдените докази за близнаците во археолошките записи се исклучително ретки и никогаш до сега не биле верификувани со ДНК анализа. Ние со ДНК анализа успеавме да ги верификуваме како монозиготни близнаци”, се наведува во истражувањето, а пренесува Спутник.

ДНК тесто, прегледот на чepeпите и ЦТ скенирањата покажале дека близнаците се од машки пол, што помогнало во прецизирањето за одредување на староста. Едниот од нив живеел 6 до 7 месеци, додека другиот 13 или 14 недели по пораѓањето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.