Роботиката, вештачката интелегенција и самовозечки автомобили уште сега го менуваат светот, а во иднина се предвидува управување со мислите и појава на попаметни машини.
Предвидувањето на иднината е прилично голем предизвик, но кога се зборува за технолошкиот напредок и очекуваните иновации, експертите на DARPA агенцијата за напредни истражувања, можат најдобро да создадат слика како ќе изгледа светот за 30 години.
DARPA е агенција на Пентагон која е заслужна за голем број иновации во роботиката, развојот на интернетот, навигација, оружје, а токму роботиката и вештачката интелегенција со продолжување на развојот би требало да ја променат индустријата.
Безпилотни летала ќе го зголемат бројот на пазарот, додека самовозечките автомобили секојденвното возење до работа ќе го направат возможно.
Меѓутоа, ова се работи кои можеме уште сега да ги очекуваме. Научниците на DARPA предвидуваат дека во иднина ќе можеме работите околу себе да ги контролираме со мислите.
Тие предвидуваат дека ќе можеме да градиме куќи и згради кои се истовремено и многу цврсти и многу лесни.
Во иднина слетувањето на авионите би било многу полесно, бидеќи тие тоа самите ќе го прават.
Ф.Г.