Научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?! Еве која е причината за исчезнувањето на бродовите и авионите !

Од подводни пирамиди, до облаци и вонземски бази, научниците и теоретичарите на заговор се обидуваа да ја решат загатката наречена Бермудски триаголник.

Во регионот кој го опфаќа морскиот дел меѓу Флорида, Порторико и Бермудите, исчезнале десетици бродови, авиони и луѓе во претходниот век.

Сега истражувачите велат дека причината за исчезнувањето се бранови високи и по 30 метри.

Експертите од Универзитетот во Саутхемптон веруваат дека мистеријата може да се објасни со природниот феномен наречен “лажни бранови”.

Истражувачите изградиле модел на брод кој исчезнал во 1918 година. Оваа несреќа одвела 300 животи.

Овој брод се движел од Салвадор кон Балтимор кога исчезнал во 1918 година, за време на Првата светска војна. Остатоците на бродот и телата на луѓето никогаш не се пронајдени.

Др. Симон Бокал, научник кој се занимава со океаните и со земјата, вели дека во оваа злогласена област постојат три големи невремиња, кои доаѓаат од три различни правци и кои создаваат услови за лажни бранови.

Бокал верува дека ова е причината за исчезнувањето на овој брод.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.