Анализа: Канадски тим од науници откри необични радио-сигнали кои доаѓаат од галаксијата оддалечена 500 милиони светлосни години.
Мистериозните радио-сигнали од вселената, кои се појавуваат на секои 16 дена, ги збунија научниците.
Кратките радио-сигнали беа откриени од истражувачите од канадаската колаборација и следени се од 16 септември 2018 година до 30 октомври 2019 година.
Тие утврдија дека радио-брановите, чиј единствен извор е оддалечен од Земјата околу половина милион светлосни години, се појавуваат на секои 16,35 дена.