Научна средба по повод чествувањето на 80 години од загинувањето на “Ордан Михајлоски-Оцка”

По повод чествувањето на 80 години од загинувањето на патронот на општинското музичко училиште Ордан Михајлоски-Оцка, за прв пат беше организирана научна средба на која се разговараше за живот и творештвото на Оцка во литературата и музиката.

Од предавачите на овој научен собир г-дин Рубинчо Белчески – кустос при прилепскиот музеј и проф. д-р Александар Трајкоски, професор по музички науки на универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА во Скопје и воедно внук на Ордан Михајлоски-Оцка, посебен осврт беше даден на најзначајното дело напишано во тој период, песната „А бре Македонче“.

Презентирањето на сите детали од историјатот на оваа песна, од нејзиното создавање па се до нејзиното користење во многу филмови, манифестации, како и откривањето на авторството беше проследено со големо внимание од сите колеги на основното музичко училиште, сегашни и поранешни ученици во училиштето, како и гости, односно потомци од фамилијата на Ордан Михајлоски – Оцка.

За прв пат од страна на семејството беа прикажани фотографии од животот на Оцка, како и презентирана неговата единствена издадена песна „Во Пепелиште“ напишана во 1938 година а објавена за прв пат во списанието Нов Ден бр. 50 во 1950 год.

Овој настан беше заокружен со врачување на благодарници од страна на директорот на музичкото училиште на предавачите, за нивната соработка и придонес во чествувањето на овој јубилеј. Благодарница на протоереј Златко Ангелески за неговата неизмерна поддршка и соработка во дигитализацијата на училишниот архив, како и на сите поранешни ученици од музичкото училиште кои без двоумење ја прифатија поканата да учествуваат на јубилејниот концерт организиран од музичкото училиште и Општина Прилеп како покровител на овој настан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.