Научете да сакате, дарувате, помагате. Маркукуле.мк ви посакува честит и вековит празник Св. Никола

12121

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме. Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите.
Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови оваа вечер со вкусна посна трпеза, ќе пречекаат многу гости, ќе се помолат, ќе побараат негова наклонетост и заштита, за нив и најблиските.
Неговото име посебно се почитува од Прилепчани. Прилеп го има Св. Никола како заштитник на градот. Секоја година градот прима илјадници гости за овој ден, а традиционално во центарот на градот на 19ти декември се послужуваат вкусни посни сармички, грав, риба, вино и ракија.
Нашиот портал маркукуле.мк, на сите православни христијани, пред се на оние кои го имаат Св. Никола како свој куќен заштитник им посакува прекрасно помината вечер, многу љубов, добро расположение, бериќет и благодет. На сите оние пак кои го носат името Никола, Коле, Нина…., им посакуваме честито и вековито име.
Нека Светецот Никола биде со сите нас, да се наслониме и помолиме за неговата љубов, да побараме благослов, вечно да го славиме неговото име, неговото дело и да научиме да се сакаме, почитуваме и помагаме.
НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ И НАПОМОШ !




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.