Наумоски: “Имаме 702 вработени, тие се нашата најголема сила и постојано им помагаме – “Витаминка” работи непречено”

Интервју на Генералниот деиректор на Витаминка, Сашо Наумоски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“

-Никој не очекуваше дека ќе дојде до оваква криза и пандемија. Ние секојдневно помагаме во оваа непогода. Работиме во прехранбена индустрија. Капацитетите ни работат непречено и без никакви проблеми имаме дистрибуција на производите. Храна мора да има!, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на „Витаминка“ Сашо Наумоски.

Тој истакна дека редовно се врши дезинфекција и дека одлично функционира транспортната дистрибуција како во земјата, така и во ЕУ земјите.

Процесот на производство претрпе и поголеми измени во начинот на однесување на вработените во компанијата. Вршиме дезинфекција со посебни дезинфекциски средства наменети за производство на прехранбени продукти.

–И претходно имавме најдобро организирана транспортна дистрибуција во Македонија. Проблемот со извозот успешно го пребродуваме и нормално функционираме на тоа поле. Морам да кажам дека секоја држава на различен начин реагира. Сега за сега имаме пролонгирани нарачки од Србија, БиХ и Црна Гора. Од ЕУ немаме откажано нарачки, вели Наумоски.

Вработените се целосно заштитени, плата добиваат и оние кои се дома и оние кои работат во вонредна состојба.

-Имаме 702 вработени. Неспорно дека грижата за нашите вработени е коректна. Тука сме да им помогнеме. Не само што се целосно заштитени туку и постојано се информирани. На вработените им помагаме со производи за да го минимизираме стравот од губењето на работното место. 15% се ослободени согласно препораките од Владата. Укинато е работењето за викенд. Исплативме 100% плата за оние кои се дома и додатни 10% за оние кои работат во вонредна состојба.

-Никој нема искуство со ваква пандемија. Секојдневно владата ги надградува мерките. Но, сакам да кажам дека ние нема да користиме некои од мерките на владата, затоа што нашата дејсност не е во загрозените дејности. Единствена мерка што би можела да ја користиме е одложено плаќање на кредитите. Секојдневно сме во комуникација со банките. Ако ги сервисираме редовно обврските и оваа мерка нема да ја користиме, вели Наумоски.

Целосното интервју може да го погледнете на: https://slobodna.tv/наумовски-витаминка-работи-непре/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.