Самиот е еден од најпознатите македонски бизнисмени, уште попозната е фирмата со која раководи. Витаминка и во 2019 година го зголеми пазарното учество и ја зголеми продажбата. Компанијата има 60 години традиција, а генералниот извршен директор Сашо Наумоски во интервју за Фактор вели дека компанијата не отстапува од агресивниот план за раст и во следниот период. Витаминка извезува на трисетина странски пазари, а на фирмите извозници, вели Наумоски секако им е потребна поддршка и од државата, затоа што тие се своевидни херои на домашната економија. Во компанијата со која раководи годинава воведе за три месеци подлго породилно отстуство, можност да го користи и таткото, но и за пет отсто повисока плата за родители со трето дете. Наумоски е бизнисмен кој стои цврсто на земја и во предизвици кои секако ја следат македонската економија.
„Честите избори, менувањето стратегии, воведување па повлекување закони, неконзистентноста по многу прашања и политики, нерасчистувањето на аферите, нивното проширување и поврзаноста со правниот систем, прави домашните компании да егзистираат во несигурност и со краткорочни планови. Неопходно е да се направи попис, да се видиме колку сме и кои сме, вели Наумоски во интервју за порталот “Фактор”.
Оваа требаше да биде економска година, каков е вашиот впечаток, какви се перформансите на домашната економија?
-Наумоски: Многу беше ветувано, но само мал дел од тоа се реализира. Беа најавувани проекти коишто директно ќе се одразеа врз нашите перформанси. Дел од ветените работи е подобрување на патната инфраструктура, од што во голема мера зависи нашата работа. Ова е започнато но не е довршено и не секаде. Вистина е дека се дадени можности за компаниите да инвестираат во својот развој, но тоа се стимулативни мерки и главно се насочени кон оперативноста на компаниите, додека нас ни се потребни и системски промени во административното работење како и унапредување на работата на институциите со кои работиме. Македонските компании не работат само во земјава, туку и надвор, на регионалните пазари и на тоа треба да се гледа како на дел од македонската економија. А тука сме најслаби и најранливи, тука е потребно државата да застане зад нас. Сепак, и покрај сето тоа, перформансите на домашната економија во изминатава година покажуваа позитивни трендови, но уште долг пат ни престои пред да каже дека имаме стабилна и одржлива економија.
Целото интервју прочитајте го ТУКА