Победа по цела една година се врати во својот Прилеп играјки нерешено (1-1) со Шкупи во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига. Гостите имаа предност од 0-1 по првото полувреме по голот на Димитрија Лазаревски во 31. минута, но Победа доби бод благодарение на несигурната интервенција на голманот на Шкупи во 63. минута кој си постигна автогол. Градоначалникот Марјан Ристески кој беше дел од овој настан посочи дека:
„Прилепчани повторно имаат можност да гледаат првенствена прволигашка утакмица, голема благодарност до ЈКП „Комуналец“, до навивачката група Мајмуни и до сите кои помогнаа да се досреди стадионот на Могила“.
Натпреварот се одигра на теренот на Паркот на револуцијата каде се поставени 1.000 нови седишта, а има простор и за стоење за околу 500 гледачи.
Денешниот натпревар, односот на навивачите и публика беше будно следен од официјалните лица, откако Победа доби дозвола од ФФМ за играње и со тоа овозможи прилепските фанови почнувајќи од оваа сабота да гледаат прволигашки дуели во Прилеп.